Вијадуктот Полчевера на автопатот А10 кај Џенова се сруши денес претпадне со катастрофални последици.
Вијадуктот, кој Италијанците го нарекуваат и Понте Моранди (мостот Моранди) по италијанскиот инженер Рикардо Моранди, кој го проектирал, се градел од 1963 до 1967 година.
Овој мост е долг 1.102 метри и го држат три столбови од армиран бетон со висина од 90 метри. Тој бил пуштен на 4 септември 1967 година од страна на италијанскиот претседател Џузепе Сарагат.
Вијадуктот е обновен во 2016 година и минува над трговски центри, фабрики, станбени згради, железничката линија Џенова-Милано и реката
Полчевера.