„Фејсбук“ започна со тестирање на нов начин на кој корисниците би можеле да го споделат своето мислење на популарната социјална мрежа, а тоа се аудио статуси. Функцијата почна да се појавува кај многу корисници во Индија и изгледа како да е наменета за пазари каде порадибројни пишани јазици се уште не може да се направи универзална тастатура.
Фото: Pixabay
Функцијата се вика „Add voice clip“ или „додај аудио запис“, а со нејзе може да се сними кратка изјава и да се објави како класична објава.
-Секогаш даваме се од себе за да им помогнеме на луѓето да се поврзат со пријателите и роднините на „Фејсбук“ на начин кој им е автентичен. Аудио записите овозможуваат нов медиум преку кој луѓето може да се изразуваат - велат од компанијата.
Се уште не е познато кога оваа функција ќе стаса и кај нас, но очигледно се уште е во фаза на развивање и тестирање. Ако се покаже како популарна, со радост можеме да кажеме дека ќе можеме на „
Фејсбук“ да објавуваме навивање на натпревари или пак песни кои во моментот сме ги чуле на радио.