X
 24.02.2021 Економија

Влијанието на пандемијата врз просечните плати низ светот

Пред пандемијата просечниот раст на платата се движел помеѓу 1,6% и 2,2% годишно. Пандемијата влијаела врз вработеноста низ светот, но како влијаела врз просечната плата?

Меѓународната организација на трудот објавила податоци за влијанието на пандемијата врз просечните плати и невработеноста во земјите низ светот. Биле користени последните достапни податоци, кои варираат од земја до земја. Најстарите податоци се од вториот квартал на 2020, а најновите од септември 2020 г.

Просечната плата во многу земји останала иста или се намалила за време на пандемијата. Просечната плата се намалила во Шпанија, Чешка, Словачка, Русија, Финска, Јапонија, Јужна Кореја, Виетнам, Мексико и во Јужноафриканска Република.

Меѓутоа, просечната плата се зголемила во повеќето земји, а најмногу во Канада. На второто место од листата со земји во кои просечната плата најмногу се зголемила е Македонија. По нас се Бразил, Бугарија, Унгарија, Италија, Франција, Србија, Норвешка, САД и други земји.


Фото: Принтскрин/Visual Capitalist

Зошто платите растат во многу земји?

Можеби причината за повисоките просечни плати е поврзана со ефект предизвикан од промените во работната сила, пишува Светскиот економски форум. Намалувањето на работните места што се платени помалку поради пандемијата можеби предизвикало зголемување на износот на просечната плата.

Автор: Ејвери Куп
Извор: weforum.org
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија