X
 05.05.2020 Здравје

Скрининг-тестирање за коронавирус од следната недела на здравствени работници, вработени во градинки, полицајци, таксисти...

Од следната недела во земјава ќе се прават тестови за коронавирус на лица за кои се смета дека се во критични категории, како здравствени работници, вработени во градинки, вработени во домови за згрижување стари лица, припадници на полиција, возачи во ЈСП и таксисти, вработени во јавни служби (шалтерски работници), пациенти пред хоспитализација.


Министерството за здравство соопшти дека со скринингот, кој ќе се прави со ПЦР-тестови, ќе се овозможи поквалитетна процена за можноста за олабавување на рестриктивните мерки, но и значително ќе се зголеми бројот на тестови.
- Во текот на следните денови ќе биде готов новиот алгоритам и ќе се дефинира таргетираниот број на тестови што ќе се прави дневно. Матичните доктори ќе го добијат новиот алгоритам и преку „МојТермин“ ќе закажуваат тестирање на одреден број лица според можностите на системот на дневна база - велат од МЗ.

Брисевите ќе се земаат во постојните пунктови и ќе ги транспортираат центрите за јавно здравје во претходно одредени лаборатории. Тестирањето ќе продолжи по новата методологија и согласно препораките на епидемиолозите.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје