X
 14.08.2024 Живот

Што може да ви се случи ако изедете семки од лубеница?

Многу лекари предупредуваат дека семките од лубеница не се добри за здравјето, особено ако сте склони кон гастроинтестинални проблеми. Се разбира, нема да ви порасне лубеница во стомакот, како што ни велеа нашите баби, но може да предизвикаат надуеност, болка, па дури и дијареа.

-Ако случајно проголтате семка од лубеница, нема да се случи ништо лошо. Тие не се таложат во организмот, туку ги исфрламе по природен пат - вели гастроентерологот Анастазија Тимошенко.

Белите семиња се меки и полесно се голтаат, додека црните семки тешко се џвакаат, па затоа многумина претпочитаат да ги отстранат. Но, со оглед на тоа што се богати со хранливи материи, особено со омега-3 масни киселини, калиум и магнезиум, се препорачува да се јадат печени.

Измијте ги и исушете ги семките. Кога целосно ќе се исушат, намачкајте ги со малку маслиново масло и рамномерно распоредете ги. Посолете ги, па печете во рерна загреана на 160 степени 10 до 15 минути.

Слободно играјте си со зачините како пипер, цимет или прстофат шеќер.

Сепак, пациентите со гастроинтестинални проблеми треба да бидат внимателни. Семките од лубеница може да предизвикаат надуеност, болка, па дури и дијареа.

Извор: n1.info.hr
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот