X
 15.07.2017 Здравје

Производи од кои можете да јадете неограничено и да не се здебелите

Иако намирници без калории, за жал, не постојат, одредени видови овошја и зеленчук се покажале како одлични сојузници во борбата против вишокот килограми.

Еве ја листата на нутриционистката Лиса Јанг:

  • Целер: речиси 95% од него се вода. Тој е богат со калиум, фолати, влакна и К витамин, а содржи само 16 калории на 100 грама.

  • Боровинки: побогати се со антиоксиданси повеќе од кое било  друго овошје, а содржат и голема количина влакна. На 100 грама има 57 калории.

  • Кељ: 100 грама содржат 49 калории, 3 грама протеини и 2,5 грама влакна. Тука се и омега 3-масните киселини, витамините и фолатите.

  • Домати: еден од најголемите извори на ликопен – каротеноид кој се користи во борба против хроничните болести, а богат е и со витамин А, С и Б12, фолна киселина, хром, калиум и влакна. 100 грама имаат 18 калории.

  • Краставица: уште една намирница која е претежно од вода, со 16 калории на 100 грама. Таа содржи многу влакна и бета-каротен, како и витамин А.

  • Грејпфрут: го поттикнува губењето на тежината, богат е со растителни влакна, фолна киселина, витамин Ц, го стабилизира шеќерот во крвта и нивото на холестеролот, а го подобрува и варењето на храната. Половина грејпфрут има околу 50 калории.

  • Брокула: содржи супстанци кои имаат антиканцерогено дејство, богата е со влакна и со витамини А, Ц, Е и К, а 100 грама имаат 34 калории.

  • Карфиол: богат е со антиоксиданси кои имаат противоспалително дејство и се препорачува за хронично болни. Богат е со фолна киселина, влакна, витамин Ц и К, а на 100 грама има 25 калории.

  • Зелена салата: каков и да е видот, со 100 грама нема да внесите повеќе од 20 калории. Богата е со фолна киселина, железо и витамини А и Ц.

  • Портокали: Содржат голема количина витамин Ц, неопходен за производство на колаген, а еден плод содржи околу 80 калории.

  • Јагоди: 100 грама јагоди содржат повеќе витамин Ц од портокал. Богати се со пилофенолим – антиоксиданс, калиум и влакна. На 100 грама има 33 калории.

  • Диња: Полна е со бета-каротен, витамин А кој го одржува здравјето на очите. Една порција диња обезбедува дневна количина на А и Ц витамин која ви е потребна. Таа е 90% вода, а една порција има само 55 калории.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје