Сѐ поголем број луѓе се одрекуваат од месото и од животинските производи, додека изборот на јадење за вегетаријанците и веганите во рестораните станува сѐ поголем. Но што би се случило кога целосно би се откажале од вегетаријанските идеали и постојано би јаделе месо?
Накратко кажано, нашето тело би овенало.
Исхраната што подразбира само месо значи дека не би консумирале намирници богати со влакна, а тоа најпрво би предизвикало затвор - што е најблаг од сите несакани ефекти.
Доколку не внесувате храна богата со јаглехидрати, би се откажале од главните извори на енергија. Поради оваа причина, организмот ќе ги разградува мастите и најважните протеини, што би предизвикало дополнителни проблеми.
Би дошло до труење на протеините, нарушувања со непријатни симптоми, како што се слабост, дијареја, па дури и смрт. Сето тоа би настанало како последица од собирањето уреа, што се создава во црниот дроб при претворање на протеините во глукоза.
На пример, зајачкото месо нема многу маснотии, поради што организмот започнува да ги согорува сопствените наслојки. Забележано е дека исхраната во која е вклучено само зајачко месо може да доведе до смрт еднакво како и изгладнувањето.
Или би добиле скробут бидејќи витаминот Ц е единствениот витамин што човечкиот организам не може сам да го произведе.
Еден од начините на кои би можеле да спречиме некои од симптомите е консумирање сирово месо, со што би го избегнале уништувањето на витаминот Ц при готвењето. Но тоа би довело до многу бактериски инфекции.
Со други зборови, ако некогаш ви падне на памет да се откажете од сите намирници освен од
месото - немојте да го правите тоа.