X
 22.06.2017 Живот

Трик од пет минути со кој ко-основачот на Инстаграм му се спротивставува на одложувањето

Милијардерот, поранешен извршен директор и ко-основач на социјалната мрежа Инстаграм, Кевин Систром и  покрај своите успеси сѐ уште е чувствителен на одложување. Но, веројатно не би бил толку успешен ако не наоѓа начини како да се справи со неа.

Тој вели дека ако не сакате да правите нешто, тогаш направете договор со себе да го правите тоа барем 5 минути и ќе завршите правејќи го целото.

За целосно да имате бенефит од овој трик, важно е да разберете зошто тој функционира толку добро. Најголем дел од одложувањата се случуваат поради страв или конфликти дури и кога постои мотивација да се дојде до одредена цел. Тој страв или стрес прави да изгледа невозможно да се движите напред и затоа одложувате.

Со петминутната вежба лицето има можност да го преиспита својот ангажман што може да го зголеми чувството да се биде во контрола. Тактиката исто така го намалува стравот или анксиозноста кои се емоционалната цена која се плаќа при одложување.

Петте минути всушност се надминуваат штом еднаш ќе се почне со активноста. Ова е делумно заради тоа што очекувањата за тоа како ќе се чувствувате за време на активноста се често непрецизни и штом ќе се почне често се има попозитивен став од очекуваниот.

Покрај тоа, повеќето активности, меѓу кои и миење садови и проверка на табеларни пресметки прават да постои чувство дека времето „лета“.

Сѐ на сѐ, петминутното правило на Систром се однесува на тоа да се има контрола врз она што се работи. Големиот проект ќе остане голем и по петте минути работа, но ќе биде надмината почетната трема, страв, анксиозноста и слично, и нема да изгледа повеќе како невозможна мисија.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот