X
 14.09.2018 Живот

Во Европа пристигнува нов бран на жештини

Според прогнозите објавени на веб-страницата на „Severe Weather Europe“, следната седмица Европа ќе ја погоди нов топлотен бран. Како што пишува веб-страницата, средномерните модели предвидуваат нови топлотни удари што наредната недела ќе зафатат голем дел од Европа.

Се очекуваат температури за 8 до 10 Целзиусови степени повисоки од просекот за средината на септември и тоа во Централна, Западна и во Источна Европа. Такво значајно отстапување од просечните температури значи дека во северниот дел на Европа, во делови од Германија и земјите од Бенелукс, температурите ќе достигнат до 30 степени.

Повисоки температури се очекуваат и во јужниот дел на Европа, така што Франција, Италија и делови од Унгарија, Хрватска и Србија ќе се соочат со температури над 30 Целзиусови степени.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот