X
 02.06.2016 Живот

Најдобриот период од денот за извршување на секојдневните активности

Сите сме биле во иста ситуација: Се будите возбудени, пред вас е новиот работен ден, но до моментот кога ќе одите да си легнете, се чувствувате како да сте биле целосно непродуктивни. Што се случило?

 

ден


Можеби не станува збор за тоа што сте направиле, туку кога сте го направиле. Така на пример, сте се напиле кафе пред да ви е потребно, па поради тоа сте заспале подоцна, или пак сте поминале цело утро одговарајќи на меилови такашто сте немале енергија за работење на навистина важни работи во попладневните часови.

За да се осигурате дека ова повеќе нема да се случи, научниците спроведоа истражување во кое кажуваат кој дел од денот е најдобро време за да ги реализирате вашите обврски. Прочитајте ги и започнете да го создавате совршениот распоред.

Вежбање: пред појадок

Доколку сакате да изгубите килограми, тогаш најдобро е да започнете да вежбате уште пред појадокот. Истражувањето вели дека вежбањето наутро, поточно пред појадок најмногу помага во губењето на тежината.

Пиење кафе: после 9.30 часот наутро


Ако не ви започнува денот ако не се напиете кафе откако ќе се разбудите или кога ќе пристигнете во канцеларијата, тогаш добро би било да ја промените оваа рутина. Невропсихологот Дина Спектор вели дека најдоброто време за пиење кафе е после 9.30 часот наутро. Причината за тоа е стрес хормонот кортизол, кој ја регулира енергијата, а својот врв го постигнува помеѓу 8 и 9 часот наутро, такашто не ви е потребно „гориво“ во тој период.

 

kafe


Фокусирање на одредена работа: за време на вашето биолошко „ударно време“

Вашето „биолошко ударно време“ е термин од Сем Карпентер, автор на „Work the system“ кој се однесува на часовите во денот кога имате најмногу енергија. И секое биолошко ударно време е различно кај секоја личност.

Крис Бејли, автор на „The Productivity Project“ го пронашол своето биолошко ударно време со тоа што ги исфрлил кофеинот и алкохолот од неговата исхрана, го намалил шеќерот на минимум и започнал да се буди без аларм. Секој ден, три недели со ред, тој го запишувал неговото ниво на енергија на час. Екпериментот го научил дека неговото биолошко ударно време е помеѓу 17 и 20 часот.

Интервју за работа: Вторник во 10.30

Ако менаџерот за вработување ве праша кое време сте слободни за интервју, предложете вторник во 10.30. Ова е најзгодното време. Веб страната „Glassdoor“ открива неколку клучни совети при закажување на интервју. Поточно, мудро е да се избегне да одите на интервју на самиот почеток или крај од работниот ден, и пред или после ручек.

 

2


Направете пауза: во текот на утрото

Истражувањата велат дека најдоброто време за правење на пауза е текот на утрото. Причината за тоа е што вашите ментални ресурси генерално се највисоки откако ќе се пробудите, и тие постепено се намалуваат во текот на денот. Полесно е да ги вратите овие ресурси кога ќе направите пауза поблиску до почетокот на работниот ден.

Одморете се: помеѓу 14 и 15 часот

Според Мајо Клиниката, пладнето е најдоброто време да се одморите поради две причини: првата, обично доживуваме поспаност и намалување на будноста после ручек. И втората, дремката во ова време има најмала веројатност да се меша со спиењето во текот на ноќта.

Одржување состанок: вторник 15.00

Истражување направено од онлајн сервисот „When Is Good“, открива дека 15.00 часот во вторник е најдоброто време за тимска средба затоа што тогаш веројатно сите ќе бидат на располагање.

 

3


Креативна работа: кога сте уморни

Сигурно мислите дека треба да ги зачувате креативните задачи кога имате енергија, но едно истражување го вели спротивното. Во истражувањето, група на ученици кои играле компјутерска игра која барала фокусираност и внимание била покреативна од група која играла полесна игра. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот