Уличниот уметник Леон Кир е мајстор за тродимензионална уметност. Тој може да ја трансформира секоја рамна површина во илузија што ќе го измами вашиот ум. А за неговиот последен мурал го создаде „Шатеринг“ - шолји за чај наредени една врз друга. Направен во Хелсингборг, Шведска, муралот на Кир совршено ја прикажува кревкоста на животот.
- Животот е кревок како шолја чај. Сакам да покажам дека за секунда животот може да се сврти наопаку. Можете да ја изгубите вашата сакана личност. Или вашиот дом. Затоа, на шолјите насликав секакви сценарија од Судниот ден - вели тој.
Од истурања на нафта до топење на глечерите, секоја шолја е украсена со сцена што ги истражува проблемите со кои се соочува нашата планета. На врвот е последната чаша што се чини дека ќе се преврти и ќе ги турне другите.
За да ја заврши приказната на уметничкото дело, Кир соработуваше со дизајнерот на проширена реалност Јост Спек. Со скенирање на муралот со апликација шолјите всушност се разбиваат благодарение на специјалната анимација. Вградувањето на оваа технологија беше нов предизвик за Кир, бидејќи од него се бараше совршено да одговара на неговата слика со 3Д-анимацијата.
Како уличен уметник, Кир не само што внимава на техничките аспекти на неговата работа, туку и ја интегрира својата
уметност со заедницата. Поради оваа причина, шолјите за чај што ги избра не беа обоени во кој било стил, туку се засноваат на керамиката на „Рорстранд“ - шведски бренд што работи од 1726 година и е препознатлив за локалното население. Со ова уметникот им остава нешто познато, но нешто што исто така ќе ги натера да размислуваат за иднината.
Извор:
Mymodernmet.com
Фото:
Facebook |
Instagram