Во неделата демонстрантите во Бристол, Велика Британија, ја урнаа бронзената статуа на Едвард Колстон, трговец на робови од 17 век, и ја фрлија во реката Ејвон.
Статуата стоела во Бристол уште од 1895 година, но со текот на времето стана исклучително контроверзна - Колстон се смета и за почитуван филантроп и за трговец со робови, а имало и петиции за отстранување на статуата.
Одговарајќи и на критичарите и на приврзаниците на статуата, уличниот уметник Бенкси, за кој се верува дека е од Бристол, на својот инстаграм-профил објави ново дело на оваа тема. Но, илустрацијата, за која Бенкси објаснува дека е за оние на кои им недостига статуата и за оние на кои не им недостига, дава алтернативен предлог: подигнување на нова статуа од самите демонстранти и чинот на рушење на статуата.
- Да го извлечеме од водата, да го ставиме назад, да го врземе со јаже околу вратот и да направиме бронзени статуи од демонстрантите што ја симнуваат статуата. Сите ќе бидат среќни и ќе се одбележи славен ден - напиша Бенкси на „Инстаграм“.
Неодамна
Бенкси претстави ново уметничко дело како поддршка на антирасистичките протести низ САД поради смртта на Џорџ Флојд на кое е прикажан портрет на Афроамериканец без лице и свеќа. Целата слика покажува како свеќата го пали американското знаме, покажувајќи како смртта на Флојд ги поттикна протестите низ земјата.
Извор:
CNN
Фото: Instagram