X
 14.09.2021 Живот

Дополнителни 31 милион екстремно сиромашни луѓе во светот поради пандемијата

Со децении се намалувал процентот на луѓе во светот што живеат во екстремна сиромаштија, односно преживуваат со помалку од 1,90 долар дневно. Пандемијата го смени овој тренд.

Фондацијата „Гејтс“ вели во извештај дека поради ковид-19, бројот на жители што живеат во екстремна сиромаштија се зголемил за 31 милион луѓе. Истовремено, економското заздравување од пандемијата не се одвива еднакво. Луѓето во 90 отсто од богатите земји треба да се вратат на нивото на заработка од пред пандемијата до 2022 година.

Истото може да го очекуваат само една третина од сиромашните и средно богатите земји. До крајот на деценијата речиси 700 милиони луѓе може да живеат во екстремна сиромаштија.


Фото: Pixabay

Еден од предизвиците за сиромашните земји е задоцнетото вакцинирање. Додека некои богати држави веќе почнуваат да доделуваат трета доза, само околу 1 отсто од луѓето во сиромашните земји примиле само една доза.

Од фондацијата велат дека богатите земји имаат доволно вакцини за да се донираат над 2 милијарди дози во посиромашните земји до првиот квартал од следната година. Долгорочно, сиромашните земји може да ги зголемат капацитетите за производство на вакцини за да бидат подготвени за следни пандемии.

Извор: Fast Company
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот