Компанијата за анкети „Ипсос“ секоја година спроведува Индекс на брендови на нациите. За таа цел, била направена анкета во која учествувале 60.000 луѓе во однос на тоа кои земји најдобро се справиле со здравствените кризи.
На прво место се најде Германија, а Канада и Швајцарија на второ и трето место. Австралија и Нов Зеланд, кои го усвоија пристапот нула-ковид, се рангираа на четвртото и петтото место. На шесто место се најде Норвешка, на седмо Шведска, а на осмо Финска.
Интересно е тоа што Шведска на почеток привлече големо внимание со својот необичен пристап што беше спротивен на другите земји во светот. Многу епидемиолози го критикуваа пристапот на Шведска и сметаа дека тоа што не воведува ограничувања може да биде погубно.
- Првично, шведското справување со пандемијата привлече големо внимание. Според нашите истражувања, справувањето на
Шведска со пандемијата се објавуваше поретко на глобално ниво - вели Медлин Сјестед, генералната директорка на шведскиот институт. Таа додаде дека промената на позицијата на Шведска е доста позитивна.
Во соопштението за печатот, компанијата за анкети „Ипсос“ изјави дека земјите што се најдоа на листата меѓу првите десет се оние што минатата есен ја завршиле најдобро работата во справувањето со пандемијата, преку вакцинација и со ограничувањето на ширењето на вирусот.
- Првите десет земји што испитаниците ги оценија со највисока оцена во справувањето со здравствената криза се оние што постигнале значителен напредок во распределбата на вакцините и го ограничија ширењето на ковид-19 во рамките на нивните внатрешни граници - пишува во соопштението.
Целосните резултати од истражувањето ќе бидат објавени во октомври.
Извор:
Thelocal.se
Фото: Freepik