Сите треба да се опуштиме од време на време, но се чини колку повеќе сме под стрес, толку ни е потешко да пронајдеме начини да го направиме тоа. И се знае, најмногу стрес доживуваат студентите пред испитна сесија.
За да ви помогнеме во тие моменти, ви нудиме неколку ефикасни начини како да се справите со стресот.
Уживајте во друштво на животните
Истражувањата покажуваат дека интеракцијата со животните како што се кучињата и мачките, помагаат во намалувањето на нивото на стресот.
Универзитетот во Ланкашир дури има и „соба за кучиња“, која на студентите им нуди време за релаксирање. Не се грижете, кучињата имаат и своја соба во која можат и тие да се релаксираат.
Одете на кино
Не, не мислиме да спуштите филм од Torrent туку физички да се упатите на кино, да земите пуканки и сок и да гледате филм. Ако не ве релаксира добар филм, темна соба и исклучен телефон, тогаш што друго би можело?
Одете на прошетка
Пешачењето не само што го подобрува креативното размислување туку и ви помага да ги решите проблемите, и ви помага да ги претворите досегашните искуства во меморија, создавајќи одлична рутина после учењето. Пешачењето заедно со музиката ќе му помогне на вашето тело да го ослободи „среќниот хормон“ серотонин.
Преместување на внатрешниот дизајн
Преместувањето на мебелот може да ви помогне да ја разбистрите главата и да стимулирате креативност. Како што го менувате вашиот личен простор, така започнувате да се идентификувате со тоа што го сакате во врска со него и што ви е потребно токму од вашиот личен простор. Чистиот простор може да го подобри вашето расположение.