X
 07.05.2020 Живот

Еве како познатиот писател Стивен Кинг се справува со лошите критики

Во 2003 година одборот на Националната награда за книги му додели престижен годишен медал за одличен придонес на авторот Стивен Кинг.  Харолд Блум, професор на Универзитетот „Јеил“ и литературен критичар, воопшто не бил задоволен од овој потег.

- Тој е човек што пишува евтини стрипови. Тоа што тие веруваат дека неговите книги имаат литературна вредност или какво било естетско достигнување или знак на инвентивна човечка интелигенција е едноставно сведоштво за нивниот сопствен идиотизам - изјави Блум за „Њујорк тајмс“ кога Кинг беше прогласен за победник.

Ова е само еден од многуте примери кога Кинг се соочил со прилично лоши критики.

Во неодамнешно интервју за „Њујорк тајмс магазин“, Кинг ја сподели неговата стратегија за справување со критики.

- Само продолжувам со пишување - изјави тој.

Во интервју за „Ролинг стоун“ во 2014 година Кинг изјави дека не му пречи што е навредуван од критичари како Блум. Но, изјави дека го боли ако го навредуваат неговиот професионализам.

- Се сеќавам дека во весникот „Вилиџ војс“ некој напиша долг текст критикувајќи го моето пишување. Имаше карикатура од мене како јадам пари што излегуваа од мојата машина за пишување. Си помислив дека е прилично вознемирувачки затоа што работам навистина напорно. Но, молчев. Ја задржав главата надолу и продолжив да работам најдобро што можам - раскажува Кинг.

- Кока почнав, бев перципиран како писател од одреден жанр. Се сеќавам дека бев на една книжевна забава во перидот кога ја напишав „Сјаење“. Писателот Ирвин Шо седеше во ќошот. Имаше бастун и носеше син костум. Ме погледна и рече: „Погледнете, лавот е“ , мислејќи на книжевен лав - вели Кинг.

Тој вели дека и покрај секоја критика продолжил да пишува.

king
Фото: Screenshot/YouTube

- Во основа ги наджвеав голем дел од лошите критичари. Но, нема да бидам тука за да го видам последниот извештај. Повеќето писатели со повеќегодишни најдобри бестселери умираат, а нивната работа повеќе не е популарна. Едноставно исчезнуваат - вели Кинг.

Исто како Кинг, и Безос верува дека молчењето и воздржувањето од коментирање на критиките насочени кон него се клучен момент за постигнување успех.

- Едно нешто што им го кажувам на луѓето е: „Ако сакаш да направиш нешто ново или иновативно, мора да бидеш свесен дека ќе бидеш погрешно разбран“ - вели основачот на „Амазон“.

- Ако не можеш да си дозволиш да бидеш погрешно разбран, тогаш не прави ништо ново или иновативно - вели тој.

И Сем Олтман, извршен директор на „Опен Еј-ај“, се согласува со ова.

- Најуспешните луѓе што ги познавам веруваат во себе речиси до точка на заблуда. Ако не верувате во себе, тешко дека ќе си дозволите да имате противречни идеи за иднината. Но, тука се создава најголемата вредност - објаснува Алтман.

Aлтман се сеќава како Илон Маск пред многу години го однел во „Спејс Екс“ и му зборувал за производство на ракети.

- Она што ми остана во сеќавање беше апсолутната сигурност што ја имаше на лицето кога зборуваше за испраќање големи ракети на Марс - вели Алтман.

Долгата кариера му донесе на Кинг многу голем успех, но и пари. Во 2019 година Кинг беше петтиот најбогат автор во светот со нето-вредност од 17 милиони долари, според „Форбс“.

Но, Кинг вели дека не може да биде сигурен за тоа дека неговото наследство од работата ќе остане.

- Не знам што ќе се случи со моите дела кога ќе умрам, но прилично сум сигурен дека „Пенивајс“ ќе остане. Другите дела можеби ќе исчезнат, но по 200 години луѓето ќе велат: „Пенивајс е навистина страшен“.

Извор: Cnbc.com
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот