Мисијата „Луси“ на американската вселенска агенција НАСА открила нова месечина. Станува збор за месечина која е во орбитата на Полимел, астероид во близина на Јупитер.
Месечината се наоѓа на околу 770 милиони километри од Земјата и на 200 километри од Полимел. Таа има дијаметар од околу 5 километри, околу една третина од големината на Полимел.
Научниците сè уште не ја пресметале орбитата на новата месечина, па затоа таа веројатно ќе биде именувана во 2027 година кога мисијата ќе му се приближи на астероидот.
Месечината на Полимел е премногу блиску до астероидот за да се забележи од сателитите што се на Земјата, велат научниците.
Извор: Independent
Насловна фотографија: Pixabay