X
 14.10.2024 Живот

Нов тренд - планери за смрт се нов хит на пазарот

Во многу онлајн продавници и книжарници може да се купат планери за смрт. Навидум обичните дневници се тетратки во кои нивните сопственици запишуваат детали и желби поврзани со крајот на животот на овој свет, што треба да им олесни на нивните наследници да донесат одлуки за лекување во случај на болест или несреќа, организирање погреб, но и договарање на наследството и другите административни задачи.

Звучи малку бизарно, но всушност е практичен тренд кој веќе некое време е присутен во светот. Експертите велат дека навременото планирање на крајот на животот гарантира дека вашите одлуки за медицинска нега и финансии ќе бидат почитувани. Истовремено, го намалувате стресот за оние што остануваат по вас затоа што ги ослободувате од носењето одлуки во ваше име.

Експертите велат дека клучен дел од планирањето на крајот на животот е справувањето со финансиските и имотните прашања. Планот вклучува важни одлуки, како што е видот на медицинска нега што сакате да ја добиете во случај на болест, погребни аранжмани и распределба на средствата.

Кога станува збор за медицинската документација, имајте на ум да оставите донаторска картичка или сличен документ со кој би се согласиле вашите органи да бидат донирани во случај на смрт.

За време на вашиот живот, можете да подготвите и полномошно со кое ќе овластите одредено доверливо лице да донесува медицински, правни, финансиски и деловни одлуки во ваше име.

Планирањето на крајот на животот може да биде предизвик, но можете да се погрижите да се почитуваат вашите желби и вашите најблиски да се ослободат од непотребниот стрес.

Извор: vecernji.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот