За време на смртта се смета моментот кога настанал срцев застој, односно кога ќе престане електричниот импулс кој ги покренува отчукувањата, по што срцето престанува да чука.
Моментот кога срцето ќе запре се смета за време на смртта. Но се отвора прашањето – дали смртта веднаш го зафаќа и нашиот ум или постепено влегуваме во таа состојба?
Некои научници ги проучувале искуствата блиски до смрт (NDE) за да стекнат увид во начинот на кој смртта го зафаќа мозокот. Она што го открија е извонредно. Бран од струја влегува во мозокот неколку моменти пред смртта на мозокот.
Една студија од 2013 година на Универзитетот „Мичиген“, која ги испитувала електричните сигнали во главата на стаорец, открила дека тие влегле во фаза на „хиперпредупредување“ непосредно пред смртта, пишува
bigthink.com.
Научниците почнаа да сметаат дека NDE е предизвикана со намален проток на крв во мозокот, заедно со абнормално електрично однесување во мозокот. Така стереотипниот „тунел со бела светлина“ би можел да произлегува од бран на невронска активност.
Д-р
Сам Парнија е директор на истражувања на интензивна нега и реанимација на
Lengon School of Medicine во Њујорк. Тој и неговите колеги истражуваат како точно умира мозокот.
„Многупати оние што имале такви искуства зборуваат дека лебдат во собата и дека се свесни за медицинскиот тим кој работи на нивното тело“, истакна доктор Парнија за „Лајф сајанс“.
„Опишуваат како работеле лекарите, свесни се за нивните разговори и за сите работи што се случувале, а не би можеле да ги знаат. Тие биле потврдени од страна на лекарите“.
„Па како тогаш оние што биле технички мртви биле свесни за сè што се случува околу нив? Дури и откако нашето дишење и отчукувања ќе престанат, свесни сме уште 2 до 22 секунди“, вели Парнија.
Толку време е потребно и кортексот да престане да работи поради недостиг на кислород. А тоа е дел од мозокот кој размислува и носи одлуки. Исто така, одговорен е и за дешифрирање на информации кои се собрани преку нашите сетила. Според Парнија, во тој период луѓето ги губат рефлексите од мозочното стебло – рефлексот за чувство и за движење.
Мозочните бранови од кортексот во тој момент не можат повеќе да се детектираат, но и тогаш може да помине уште еден час за да се угасне и нашиот орган за размислување.
Обично кога ќе запре срцето, се почнува со кардиопулмонална реанимација. Тоа може да обезбеди околу 15% кислород потребен за извршување на нормалните функции на мозокот.
„Ако успеете повторно да ја покренете работата на срцето, постепено ќе почне и мозокот да функционира. Што подолго се обидувате да реанимирате, ја поттикнувате и работата на мозокот, но тој работи малку побавно“, вели доктор Парнија.
Последната негова студија опфаќа голем број Европејци и Американци што доживеале срцев застој и преживеале.
„Се обидуваме да ги разбереме точните чувства што ги доживуваат луѓето кои поминуваат низ смртта, затоа што сфативме дека тоа би можело да биде универзално искуство за време на смртта“.
Една од целите е да се набљудува како дејствува и како реагира мозокот при срцев удар, низ процесот на смртта и во текот на реанимацијата. Колку точно кислород е потребен за мозокот повторно да почне да реагира? Како работи мозокот по оживувањето? Учењето за тоа каде е линијата меѓу животот и смртта може да ја подобри техниката за реанимација, со што би можеле да се спасат многу животи.
„Исто така, истовремено ги проучуваме и човечкиот ум и свеста во контекст на смртта. Дали постои свест и дали смртта ја поништува, односно дали се продолжува свеста на извесен временски период и како тоа се однесува на она што се случува во мозокот во реално време е предмет на нашето истражување“, истакна Парнија.