Фото: Printscreen/Youtube
Возачите што поминуваат ни загрепскиот Лаништем покрај „Кауфланд“ во периодот од 8 до 16 часот можат да видат како автомобил левитира во воздухот. Ќе видат и ментални „раце“ што го држат автомобилот во воздух. Или поточно, на неговото паркинг-место.
Имено, автомобилите се наоѓаат на таканаречениот ротирачки паркинг, што всушност е економичен паркинг-систем кој наместо да оди во ширина, оди во висина. Автомобилот влегува во конструкцијата и системот го подигнува во воздухот за истото место да го ослободи за друг автомобил.
Така, на паркинг-место каде што обично може да се паркираат два автомобила, со овој систем се паркираат дури осум. Ваквата паркинг-практика во последните десет години зеде голем замав во Јужна Кореја и во Кина, каде што постојат вакви инсталации со повеќе од 20 места.
„Идејата не е нешто ново бидејќи ваквиот систем постои на Далечниот Исток и во Европа. Сепак, 90 проценти од ротирачкиот
паркинг-систем може да се најдат во Јужна Кореја, така што мал број компании произведуваат сопствен. Затоа почнавме да проучуваме како да го подобриме постојниот систем, па така се издвојуваме од конкуренцијата“, вели Иван Гудељ, главен проектант од „Јуро парк систем“, компанија што стои зад овие паркинг-системи.