X
 25.01.2019 Живот

Џек Ма и лекциите во Давос: Машините имаат чип, но луѓето имаат срце

Основачот на „Алибаба“, Џек Ма, го отвори панелот во Давос одговарајќи на прашањата во негов стил.

Тој зборуваше за тоа како се соочил со стравот, но и како ја создал „Алибаба“.

- Не постои експерт за утре. Експертот е оној од вчера.



За сомнежите


- Во бизнисот никогаш не треба да се грижите за конкуренцијата, никогаш не грижете се за притисокот. Ако се грижите за притисокот, немојте да бидете бизнисмен. Денес е голема работа сите да се грижат за сѐ.

Тој вели дека неговиот пристап главно бил таков што го решава проблемот и продолжува понатаму.

За вработувањето

- Кога барам работници, вработувам луѓе што се попаметни од мене, луѓе кои по 4-5 години ќе можат да бидат мој шеф. Сакам да вработувам луѓе кои ми се допаѓаат, кои се позитивни и никогаш не се откажуваат. Најдобрите луѓе се оптимистите и тие не се жалат - вели тој.

За образованието


- Мораме да ги научиме децата да бидат креативни и иновативни, да го прават она што машините не можат да го прават. За да ги контролирате паметните луѓе, мора да користите култура, систем на вредности, сето она што ќе ги наведе да веруваат во она што го работат.

- Машините на иднината имаат чипови, но луѓето имаат срца. Образованието мора да се движи во тој правец.

На еден од панелите во Давос, младите лидери и претставници на технолошки заедници имаа можност да разговараат со Џек, кој инаку е член на управниот одбор на Светскиот економски форум.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот