Секој почеток е тежок, за тоа ќе се согласат многумина. И меѓу најбогатите луѓе на светот има некои кои не го наследиле своето богатство. Ако не знаете како да почнете да градите кариера, ова би можело да ве изненади.
Илон Маск бил љубител на технологијата и уште кога бил мал се интересирал за вселената. Кога имал само 12 години овој иноватор создал видеоигра и ја продал за 500 долари. Тоа биле неговите почетоци, а денес е еден од најпознатите и најбогатите иноватори на светот.
Ричард Бренсон бил исфрлен од училиште, а потоа го основал списанието за млади „Студент“. Бренсон е британски бизнисмен чие богатство се проценува на 7,8 милијарди долари. Тој е сопственик на брендот „Вирџин“, кој содржи 350 компании, од кои најпознатата е авиолинијата „Вирџин Атлантик“.
Марк Закерберг го креирал „Фејсбук“ додека бил студент, но уште додека бил средношколец тој креирал музички плеер наречен „Сајнапс“ за кој бил заинтересиран и „Мајкрософт“.
Основачот на Си-ен-ен, Тед Тарнер бил исфрлен од училиште откако во домот довел девојка. Потоа работел во агенцијата за реклами на татко му, но тогаш уште никој не знаел за
него.