X
 01.06.2021 Живот

Легнувањето и станувањето порано го намалуваат ризикот од депресија

Ноќните птици знаат што значи секој понеделник за нив. Треба посебна мотивација за да се стане рано по викендот. Но според едно истражување, ранобудниците веројатно се посреќни луѓе бидејќи станувањето рано може да го намали ризикот од депресија.

Според истражувањето спроведено од истражувачи на Универзитетот на Колорадо во Булдер, „Харвард“ и Технолошкиот институт во Масачусетс, легнувањето и станувањето еден час порано од вообичаено го намалуваат ризикот од депресија.


Фото: Pixabay

Заклучокот бил направен врз основа на анализа на над 800.000 лица, од кои 85.000 носеле уреди за следење на спиењето, а 250.000 пополнувале прашалници за спиењето. Просечно, повеќето од испитаниците легнувале околу 23 часот, а станувале околу 6 часот наутро.

Според резултатите, легнувањето и станувањето еден час порано може да го намалат ризикот од депресија за 23%, а со два часа порано се намалува овој ризик за 40%.

Истражувачите посочуваат дека се потребни поголеми клинички тестирања за да се докаже дека легнувањето и станувањето порано навистина го намалуваат ризикот од депресија.

Извор: futurism.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот