Новиот документарец „ФИФА разоткриена“ беше премиерно прикажан пред неколку дена на „Нетфликс“, пред Светското првенство во Катар, а во него се зборува за сите случувања во врвната куќа на фудбалот, која доби црвен картон поради корупција.
Мини-серијалот од четири епизоди раскажува за историјата на ФИФА, а поттик за оваа приказна беа апсењата на ФБИ извршени во Цирих во хотелот на ФИФА.
Обвинението покренато против првиот човек на ФИФА содржи 47 точки, а се однесува на корупција и мито во организираниот фудбал, кои се однесуваат конкретно на рекетирање, финансиски измами, заговори за перење пари во период од 20 години, а се поврзани и со организација на одредени светски првенства, со акцент на претстојното првенство во Катар за кое постои сомневање дека е „купено домаќинство“.
Сеп Батлер стои зад тоа дека ФИФА е чиста и дека работата што ја работел била исправна, додека многу други соговорници, сегашни и поранешни вработени во ФИФА, сметаат дека имало незаконски дејства.
На почетокот соговорниците зборуваат за подемот на Сеп Блатер, корупцијата што се случувала во ФИФА-хотелот пред изборот на претседателот во 1998 година, кога за назначување биле потребни две третини од гласовите, односно 128 раце. Меѓу кандидатите биле Блатер и Ленарт Јохансон. Блатер имал 111 гласа, а Јохансон 80. Иако требало да оди во втор круг, Јохансон се откажал и му ја предал победата на Блатер, кој според соговорниците „ја решил порано“.
Заклучок е дека ФИФА немаше да добие црвен картон доколку тие избори не беа завршени во 1998 година и немаше да има скандали.
Во серијата се зборува и за првенството во Русија, за трансакциите што излегоа на виделина, поткупите, предавствата и други детали.
Извор:
b92.net
Фото: Screenshot/YouTube