X
 07.10.2022 Култура

Документарен филм за глечерите во Исланд ја илустрира климатската криза со која се соочуваме

Социјалниот документарец со фотографот на дивиот свет, Доналд Бојд, се обидува да ја илустрира климатската криза.

Во овој нов краток филм за климатските промени Бојд се здружува со кинематограферот Френк Нивенхуис и „Адорама“ за да го создаде она што тој го смета за негов најголем проект досега.

Концептот на филмот е едноставен: документирање на повлекувањето на глечерите на Исланд, каде што живеат Бојд и Нивенхуис и објаснување што значи тоа за Исланѓаните и за светот. Предизвикот го турка Бојд да ја преиспита фотографијата како медиум за комуникација и ги поттикнува другите истражувачи да ја изразат својата верзија на оваа ужасна социјална и еколошка криза.

Како еден од начините да ја раскаже својата приказна, Бојд прави споредба на фотографии стари еден век, враќајќи се на местото каде што биле направени и фотографирајќи ја истата сцена. Резултатите покажуваат драматично губење на мразот.

Бојд ќе продолжи да се залага за зачувување на целиот свет користејќи ја својата камера и 10 отсто од својот профит, преку неговиот „Фонд за застапник на Земјата“. Наместо да се фокусира само на загрозените животни, Бојд го насочува своето внимание кон глечерите кои се повлекуваат, на климатските промени и на многу поголемата слика.

- Без да имаме врска со начинот на кој функционира природата, го губиме сето она што сме - вели Бојд.


Извор: Petapixel.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура