X
 14.11.2022 Живот

Студентски оброк број 2: Корнфлекс чоко-колачиња

Вториот најстудентски оброк од најмногу четири намирници е лесен десерт.

Во продолжение можете да го погледнете видеото и доколку ви се допадне, да го отворите на „Инстаграм“ и да гласате со лајк.


Доколку сакате да си го приготвите, ова е рецептот.
-200 грама топено чоколадо
-50 грама путер од кикиритки (или каков било путер од јатки кој ви се наоѓа, доколку немате путер не мора)
-100 грама корнфлекс
-кокос или некои јаткасти плодови (може ореви, лешници бадеми).

Подготовка: Се топи чоколадата, путерот го размешувате во чоколадата, го додавате корнфлексот и на крај кокосот. Мешате, а потоа оформувате. Откако ќе ги оформите, оставете ги во фрижидер 20 минути, а за побрзо - 10 минути во замрзнувач.

Ако сакате и вие да учествувате, ТУКА може да ги прочитате правилата.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот