Шестиот најстудентски оброк од најмногу четири намирници е вкусен компир.
Во продолжение можете да го погледнете видеото и доколку ви се допадне, да го отворите на „Инстаграм“ и да гласате со лајк.
Доколку сакате да си го приготвите, ова е рецептот:
- Компир
- Хумус
- Микс од зеленчук
- Бебе спанаќ
+масло и зачини по вкус
Подготовка: Компирите убаво се мијат, па се ставаат во солена вода што врие да се варат околу 20 минути (готови се кога ќе можете виљушката лесно да ја набодете во нив). Се вклучува рерната на 200 степени. Во меѓувреме се редат компирите на тава со хартија за печење. Се прават мали засеци, а потоа со тап предмет се гмечат. Се премачкуваат со масло и се зачинуваат со зачини по вкус (сол, бибер, оригано, лук во прав, буковец). Се печат 20 минути на 200 степени. Сервирајте ги со хумус, салата од бебе спанаќ и микс од зеленчук.
Ако сакате и вие да учествувате,
ТУКА може да ги прочитате правилата.