Четиринаесеттиот најстудентски оброк од најмногу четири намирници е вкусен стек со печурки.
Во продолжение можете да го погледнете видеото и доколку ви се допадне, да го отворите на „Инстаграм“ и да гласате со лајк.
Доколку сакате да си го приготвите, ова е рецептот:
Потребни состојки:
-стек
-печурки
-јогурт
-кашкавал
-масло, зачини (сол, вегета, бибер)
Начин на подготовка: Стекот се сечe на парчиња, потоа се става во тавче и се додаваат масло и зачини. Потоа стекот се пржи 5 минути, па се додаваат печурките, јогуртот и кашкавалот. На крај се печe на 180 степени 1 час.
Ако сакате и вие да учествувате,
ТУКА може да ги прочитате правилата.