Заврши пријавувањето за изборот на најстудентскиот оброк од најмногу 4 намирници. Како што беше наведено во условите за учество, пријавувањето траеше до денес до 14 часот, а гласањето ќе трае до 25 ноември 2022 година, кога точно напладне ќе го објавиме победникот.
Вкупно 20 студенти испратија свое видео, а вие можете да гласате за вашиот фаворит со лајк на „Инстаграм“. Сите видеа можете да ги видите
ТУКА или
на нашиот профил на „Инстаграм“.
Најдобриот рецепт, односно оној што ќе има најмногу лајкови на „Инстаграм“, ќе добие подарок - ваучер од 4.000 денари.
Со среќа на сите учесници!