X
 14.11.2022 Живот

Студентски оброк број 7: Ризото со пилешки стек

Седмиот најстудентски оброк од најмногу четири намирници е ризото со пилешки стек.

Во продолжение можете да го погледнете видеото и доколку ви се допадне, да го отворите на „Инстаграм“ и да гласате со лајк.



Доколку сакате да си го приготвите, ова е рецептот за две порции:

- 2 чешниња лук
- Околу 100 г грашок
- Една чаша (од 200 мл) ориз
- Две чаши (од 200 мл ) вода
- 4 мали парчиња пилешки стек
- Зачини

Подготовка:
На загреано масло се пржи лукот и му се додава грашокот. Потоа се додаваат оризот и зачини по желба (вегета, црн бибер, кари зачин). Се меша, а потоа се додава и водата и се остава да се свари ризотото на тивок оган додека оризот не биде мек (околу 20 минути). Во меѓувреме на загреано масло се пржат парчињата пилешки стек на среден оган.

Ако сакате и вие да учествувате, ТУКА може да ги прочитате правилата.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот