X
 11.11.2022 Живот

Студентски оброк број 1: Брз десерт од четири состојки

Првиот најстудентски оброк од најмногу четири намирници е брз и лесен десерт. Едноставно и лесно, а превкусно.

Во продолжение можете да го погледнете видеото и доколку ви се допадне, да го отворите на „Инстаграм“ и да гласате со лајк.


Доколку сакате да си го приготвите, ова е рецептот.

Што ви е потребно:
- Едно јајце;
- Пет лажици нутела;
- Пет лажици брашно;
- Една банана.

Подготовка: Прво се става нутелата, а потоа јајцето и сето тоа се мати со миксер и се додава брашно постепено. Потоа со лажиче се зема од готовата смеса и се става врз хартија за печење. Во веќе загреана рерна се печат 10 минути на 200 степени. По печење се вадат, се става нутела и банана врз нив. Нека ви е слатко!

Ако сакате и вие да учествувате, ТУКА може да ги прочитате правилата.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот