X
 14.12.2019 Живот

Пензионер смислил сјаен начин како да ги спаси плажите од пластика

Во борбата против пластичниот отпад во морето, кој сè повеќе се зголемува, еден пензионер од Бретанија смислил брилијантен начин како да ги мотивира посетителите на плажите да ја фрлаат пластиката на едно место.

Мишел Леге од Бретанија, наместо трупање грди канти за ѓубре на плажите, направил голема скулптура од мрежа и жица во вид на риба и ставил знак на кој пишува: „Гоби сака пластика, те молам нахрани ме“.

Плажите во Бретанија се меѓу најубавите во Франција и, за жал, како и сите плажи на светот, често се затрупани со отпад за кој никој не води сметка.. Нема оправдувања за ваквото однесување, но има за подобрувања кои би ги поттикнале посетителите да го фрлаат своето ѓубре на места предвидени за тоа.

Разочаран од состојбата на локалните плажи, пензионерот замислил џиновска жичена риба која едноставно е поставена на средината на плажата.

Притоа, скулптурата на големата риба е поставена со две цели. Првата е да ја направи плажата чиста, што значи да ги поттикнува минувачите спонтано да го собираат својот отпад, додека втората цел е да ги привлече децата, за кои старите канти не биле интересни, а сега играат игра во која треба да ја нахранат рибата.

Фото: Bizlife

Рибата денес непрестајно се храни, а во текот на поголемиот дел од времето добива и повеќе отколку што ѝ е потребно. Локалната комунална служба ја зема во текот на ноќта, ја празни и следниот ден ја враќа „гладна“ на плажа.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот