Ален Роберт, познат како францускиот Спајдермен, го прослави својот 60-ти роденден така што се качи на облакодер од 48 ката во Париз. Притоа немаше заштитна опрема со себе.
- Сакам да им испратам порака на луѓето дека да се има 60 години не е ништо. Сè уште може да спортувате, да бидете активни, да правите фасцинантни нешта - изјави тој.
По качувањето на облакодерот беше уапсен, според медиумите. Роберт се качил на истата кула повеќепати претходно, а овој пат го направи тоа за само еден час.
- Си ветив себеси пред повеќе години дека кога ќе наполнам 60 години, ќе ја искачам кулата пак бидејќи 60 го симболизира времето за пензионирање во Франција и мислев дека тоа е добар потег - изјави тој.
Целта на неговото качување била да ја подигне свеста за глобалното затоплување.
Роберт е познат по искачување високи згради низ светот. Еден од неговите најголеми подвизи е качувањето на „Бурџ калифа“, највисоката зграда во светот, која се наоѓа во Дубаи. Тој најчесто ги искачува зградите без претходно да добие дозвола и затоа често е апсен по искачувањето.
Извор:
BBC
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)