X
 17.01.2023 Живот

Франција планира да го воведе правото на абортус во Уставот

Франција планира да го воведе правото на абортус во Уставот, 48 години откако абортусот беше декриминализиран во таа земја, а потоа и предвиден со закон.

Со тоа Франција ќе стане првата земја што ќе го вклучи правото на абортус во својот Устав, што ќе испрати силен сигнал до жените низ светот, рече активистката Албан Гајо, која се занимава со застапеност во планирањето на семејството.

Францускиот парламент на крајот од ноември го усвои предлог-законот за вклучување на правото на абортус во Уставот. Се очекува предлог-законот на 1 февруари да се најде во Сенатот.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот