X
 05.06.2020 Култура

Новата насловна страница на „Вог“ е посветена на работниците

Во изданието во јули британскиот „Вог“ се обидува да ги прослави граѓаните на Велика Британија што постојано оделе на работа среде пандемијата, за сите да може да продолжат со секојдневниот живот.

За да им оддаде почит на работниците, овој моден магазин стави тројца од нив на својата насловна страница.

Како што вели главниот и одговорен уредник на британскиот „Вог“, Едвард Енинфул, магазинот одлучил да ги прикаже овие три личности за да им оддаде почит ним и на нивната храброст и посветеност да им помагаат на другите.

- Ова поглавје во историјата гледа општество кое го насочува вниманието кон некои од луѓето во оваа земја што обично не можат да си дозволат да бидат во центарот на вниманието - објаснува Енинфул.

1
Фото: Vogue

Аниса работи една година во „Вејтрос“, додека истовремено е на втора година студии по бизнис-менаџмент. Таа живее во Ислингтон со нејзините родители и тројца браќа и сестри.

- Пред пандемијата луѓето во нас гледаа помошници за услуги, таму сме да им покажеме каде се јајцата или доколку сакаат да се пожалат за нешто. Но, сега имаат многу повеќе разбирање. Тие знаат дека сме тука постојано. Многу се подобри и попријатни - вели таа.

2
Фото: Vogue

Наргиус работи во лондонскиот транспорт веќе 10 години. Живее сама во Баундс Греен, северен Лондон, и мора да стане многу рано бидејќи нејзината смена почнува во 1:30 часот наутро.

И покрај тоа што е во првите редови и мораше да се изолира од нејзината баба, таа вели дека не е нервозна кога оди на работа. Нејзината база е во северозападен Лондон и вози две рути: од Страфорд до Ричмонд и од Госпел Оук до Баркинг.

- Не се чувствувам анксиозно кога одам на работа, но морам да се дистанцирам од моето семејство затоа што очигледно сум во првите редови. Сите се грижат за мене, особено баба ми. Ова ни покажа дека животот е краток и не можеме да ги земаме работите здраво за готово - вели таа.

3
Фото: Vogue

Рејчел работи како акушерка во болницата „Хомертон“, источен Лондон, веќе три години.

По потекло од Северна Ирска, таа сега живее во Лејтон со пријателка, а во 2017 година дипломирала на Универзитетот во Источна Англија како акушерка.

- Еден од најтешките моменти за време на пандемијата е кога ми го украдоа велосипедот. Но, за неколку часа еден пријател собра над 500 фунти на интернет за да ми помогне. Друг колега твитна за случката и за еден час една локална компанија ми донира нов електричен велосипед - раскажува таа.



1

22

3

4

5

6

вог

Извор: Bored Panda
Фото: Instagram | Facebook
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура