X
 14.12.2022 Живот

Дојави за бомби во 15 училишта во Скопје

Дојави за поставени експлозивни направи изутринава пристигнале на електронските адреси на 15 училишта во Скопје. Екипи на МВР веќе се на терен и преземаат активности за проверка на објектите.

- Денеска околу 08:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронските адреси на 15 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите - информираат од МВР.

Освен анонимни дојави за поставени бомби во средни и основни училишта, на почетокот на неделава имаше закани за бомби и во институции и трговски
центри.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот