Во СВР Скопје утрово околу 9:45 часот било пријавено дека на електронска адреса на девет средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа.
- Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите - информираа денеска од МВР.
И од НБРСМ, исто така, денеска, околу 10:10 часот било пријавено дека на електронска адреса била упатена закана за поставена експлозивна направа.
Од МВР нагласуваат дека веднаш се преземени неопходните мерки за безбедно евакуирање и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Извор: МИА