X
 14.12.2023 Живот

Со Brainster+ до вештини за побрзо вработување во новата ера

Вештачката интелигенција напредува со неверојатна брзина поради што многумина се загрижени за личниот и за професионалниот напредок. Но, што ако за релативно кратко време научите да употребувате AI-алатки во своја корист? Токму вештините за AI се меѓу 9-те фактори со кои што Бреинстер (Brainster) отвора нова ера во македонското образование. Преку новата супериорна понуда Brainster+ се креираат можности со кои полесно може да се одговори на предизвиците за вработување во новата ера.

- Brainster+ е нашата најнова и најголема иновација досега. Истовремено, ова е најголемата, најквалитетна и највредна едукативна понуда на нашиот пазар, која ја развивме со најсилните човечки ресурси во нашата држава. Во нејзината реализација се вклучени најдобрите експерти и практики од индустријата. Станува збор за подобрување на нашата програма, на кое работиме последните 18 месеци, а со кое ќе ја направиме нашата понуда 10 пати посупериорна од сите - вели Петар Ниновски, основач на Бреинстер.



Секоја дополнителна вештина или знаење носи плус во новата ера. Со Бреинстер+ студентите ќе можат значително да ја зголемат својата кариерна вредност, а тоа ќе им помогне побрзо и поквалитетно да се вработат. Студентите што ќе се запишат на некоја од академиите на Бреинстер до крајот на овој месец, ќе го добијат супериорниот едукативен пакет Brainster+ бесплатно, а кој инаку е со вредност од 500 евра.

Една понуда - девет фактори

Деветте фактори за вработување што ги бараат компаниите денес, а Бреинстер ги овозможува, се: учење преку работа на реални проекти; грижа за студентите и поддршка при учењето; квалитетна програма изработена во партнерство со компаниите; професорски тим со експерти од индустријата; двојна сертификација; поддршка при вработување на студентите; вештини за вработување; напредни технички вештини, како и вештини за AI.

Првиот фактор значи практична работа за време на академиите. Со неа студентите добиваат искуство што ќе им даде поголема компетитивност на берзата на трудот. Студентите на Бреинстер досега реализираа над 300 реални проекти. Голем дел од нив се „tech for good“, кои дале значаен придонес за заедницата.

Вториот фактор ги зема предвид задоволството и успехот на студентите. Tимот Student Success се грижи програмите да се придржуваат до врвниот квалитет поставен од Бреинстер, на студентите им помага да ги совладаат сите предизвици во образовниот процес и ги подготвува за крајната цел – вработувањето!

Третиот фактор е програмата изработена по Program Gold Standard од стручниот тим Program Operation. Овој тим, освен што подготвува квалитетна образовна програма, истата постојано ја приспособува според барања на индустријата.



Четвртиот фактор е изборот на предавачи на академиите. Имено, студентите учат од практичари, професионалци од компаниите, како и од професори кои освен теоретската подготвеност, имаат значајно искуство и од индустријата.

Петтиот фактор е двојната сертификација што секој студент ја добива по завршувањето на академиите на Бреинстер. Студентите добиваат сертификат признаен од индустријата, но и сертификат од акредитираната високообразовна установа Бреинстер Некст колеџ (Brainser Next College). Ова е потврда дека програмата на академиите е во согласност со највисоките образовни стандарди.

Шестиот фактор е поддршка во процесот на вработување што студентите ја добиваат преку тимот Partnerships.Од подготовка за интервју, пополнување на CV-то, па сѐ до поврзување со некои од 150+ македонски и интернационални компании. Само во последните две и пол години, со помош на оваа програма, се вработија над 800 студенти на Бреинстер.



Плус знаење за супериорна предност


Студентите со Brainster+ ќе добијат и ПЛУС три фактори, кои ќе им дадат супериорна предност пред конкуренцијата на берзата на трудот.

Седмиот фактор е пакетот вештини за вработување којшто содржи седум курса со кои студентите ќе ги подобрат вештините за: комуникација, лидерство, критичко и аналитичко размислување, решавање проблеми, подобра организација на своето време и обврски, креативност и иновативност. Тоа се знаења што компаниите денес ги бараат од новите и од тековните вработени.

Осмиот фактор е специјализирана програма со напредни технички курсеви. Со нив студентите од секоја академија ќе го добијат плусот што им недостига за да се профилираат во други или слични професии или, пак, да добијат можност да мигрираат на различни позиции во рамките на компаниите.

Деветтиот фактор се вештините за AI, потребни за работните позиции во ерата на вештачката интелигенција. Студентите ќе ги изучуваат предностите на AI алатките што ќе им ја олеснат работата, ќе ги подобрат нивните перформанси и, секако, ќе ги направат поконкурентни во професиите од новата ера!



Пет милиони евра за развој и за иновации

Со иновации што ги воведе во учењето, Бреинстер изминативе осум години се истакна како влијателен фактор во трансформацијата и развојот на образованието во нашата држава, во чекор со новата ера.

- Во последните осум години инвестиравме над пет милиони евра во развој, иновации, квалитет и во нашите студенти. И планираме да продолжиме да инвестираме во Македонија затоа што веруваме дека можеме повеќе и затоа што нашите студенти заслужуваат повеќе. Најголемо мерило за успех за нас се задоволството и успехот на студентите, како и бројот на вработувања. Разликата помеѓу нас и сите други образовни центри денес е огромна. Меѓутоа, ако сме лидери на пазарот, не значи дека треба да престанеме со инвестиции и иновирање! Напротив, треба тоа да го правиме во уште поголем размер. Затоа правиме уште поголем чекор кон иднината лансирајќи го Brainster+, нашата најголемата иновација досега - вели Ниновски.



Со Brainster+ отсега и вработувањето и кариерната трансформација ќе се случат побрзо. Ако досега студентите имаа предност при вработување на една позиција, сега ќе имаат повеќе опции за работа. Ако досега требаше повеќе искуство и експертиза за основање свој стартап, отсега сами ќе ги лансираат и водат своите проекти.

Аплицирањето е во тек. Сите што ќе се запишат на некоја од академиите на Бреинстер до 29.12.2023 година, ќе го добијат супериорниот едукативен пакет Brainster+ со ексклузивен попуст од 500 евра!

Проектот Brainster+ е поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој на Република Северна Македонија.



(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот