X
 14.12.2024 Живот

Жителите на оваа земја се должни да качат автостопери бидејќи јавниот превоз е многу лош

Автостопот е најевтиниот, но и најризичниот начин на превоз. И додека повеќето го користат од финансиски причини, постојат луѓе за кои автостопот е начин на живот и можност за мала авантура.

Факт е дека повеќето возачи избегнуваат да качат непознат во својот автомобил. Причините не треба да се елаборираат, доволно е само да се отворат веб-страници во кои доминира црна хроника, со што се уништува довербата на возачите.

Но, дали знаете дека постои земја во која сте обврзани да ги „соберете“ автостоперите?

Станува збор за Куба, каде што автостопот е клучен дел од националниот транспортен систем. Имено, кубанските правила на патиштата налагаат државните возила да застанат за да ги земат автостоперите, а слична практика имаат и многу возачи на приватни возила - на кои им е дозволено да добиваат пари од автостопери. Жителите на Куба објаснуваат дека повеќето го избираат автостопот наместо да се потпираат на исклучително лошиот јавен превоз.

Автостопот е единствената опција за превоз за мнозинството луѓе бидејќи повеќето возила, автобуси и мотоцикли се во сопственост на кубанската влада и држава. На многу малку луѓе им е дозволено да купуваат и да поседуваат возила, а оние што имаат пристап до автомобили, камиони, такси и автобуси, се обврзани да ги земат автостоперите бидејќи има повеќе луѓе отколку автомобили.

Пред реформата во 2013 година автомобилите што беа на патиштата пред Кубанската револуција во 1959 година беа единствените возила на кои им беше дозволено да се купуваат и продаваат на домашниот пазар, што ја објаснува масовната појава на американските и советските автомобили од 50-тите години на патиштата. Промената на законот пред повеќе од една деценија им овозможи на локалните жители да купуваат нови и користени автомобили без да бараат дозвола од државната влада.

Според овогодишното истражување на непрофитната организација Кубанска опсерваторија за човекови права (OCDH), 89 отсто од кубанските семејства живеат во екстремна сиромаштија.

Извор: Jutarnji.hr
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот