X
 22.07.2023 Живот

Пред и потоа: Фотографии покажуваат како еден град целосно се трансформирал откако се ослободил од автомобилите

Фотографии што ја прикажуваат состојбата пред и потоа од булеварот Анспах во Брисел, Белгија, се драматична илустрација за тоа колку различни градовите би биле ако се градат за луѓе, а не за автомобили.

Споредбата доаѓа од инстаграм-профилот @cars.destroyed.our.cities кој е посветен на тоа да покаже дека урбаните простори се промениле токму поради зависноста на луѓето од автомобилите.

Булеварот Анспах е централна, добро позната улица во главниот град на Белгија. Фотографиите од инстаграм-профилот од 2009 година, покажуваат фреквентен пат со четири ленти со преполн паркинг од страните. Неколку дрвја и жардинери го направија да биде пријатен, но сепак беше јасно дизајнирана улица чиј преден план беа возачите, а не пешаците или велосипедистите.

Но, во последните 14 години работите се променија.

- Градот ја прави улицата пешачка зона уште од 2016 година, а до 2019 година, улицата беше целосно отворена за велосипеди и пешаци - пишува под описот на фотографијата.


Фотографијата од 2022 година прикажа сосема поинакво место. Асфалтот од фотографијата од 2009 година беше срушен и заменет со потесна велосипедска патека. Велосипедистите беа одвоени од пешаците со широки површини зелент тревник и големи дрвја и грмушки. Клупите во паркот и отворените кафулиња на посетителите им дадоа место да каде можат да се релаксираат.

Неверојатната промена дојде со неколку придобивки за жителите и посетителите. Прво, замената на тротоарот со зелени површини е ефикасен начин улицата да не стане топлински остров. Сега, улицата е значително потивка, помалку загадена и попријатна за одење.

- Трансформацијата на Брисел кон град без автомобили е монументална. Би сакал и другите градови да веруваат дека ова не само што е изводливо, туку и ефективно - пишува еден интернет-корисник.

Извор: Thecooldown.com
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот