Убаво е да создаваш навика на некого да чита наместо да скита пијан низ градските тротоари, мислејќи на неговата среќа неговите пари. Враќајќи го постојано филмот чекорејќи искривено, повторно истата слика веќе одамна видено. И кратко трае филмот, кратка била среќата вистина е тоа света, како неговите очи кои го беа научиле гороцветот да цвета.
Гледајќи низ градските ридчиња мали како зимата се фали, снегулките околу него развеани прават скали спојувајќи топли усни да не бидат кутрите пусти. Да бегаат истуткани од северецот студен мислеќи на часот суден, што ќе биде понатаму? Каде ќе одиме сега? Од судбината драги мои никој не успеал да избега. Не можеш со неа никако, не можеш ни со инат, зјапајќи на мртво некаде со уста зинат.
Скојдневие од политика и економија, животецот полн со меланхонија само удара од миг во миг читајќи некој заборавен стих ставаќи го најубавиот од нив во пракса гледајќи како останатите ти се чудат колку си таксан.
За работа брату изгорен, папсан. Ма нека врти биљата од понеделник до сабота ковајќи реализам за да баталиш песимизам. Упорно тврдиш дека прашањето е реторичко кога само се плашиш од одговорот. И каков е сега овој свет замотан со жени и пари, гледаш полтрони насекаде млади и стари. Стари брату стари, изгубиле морали па пробуваат да лажат додека напати им ставаш сопки дека се продале за неколку стотки, евтина пара курва стара, колат се пред себе додека не налетаат на тебе, ги запираш со искри во очите набушен во косите. Чуден си им на изглед те гледаат низ свиткана тупаница која чкрипи низ воздухот, наменета за тебе ама попусто, покажува сила со налик на свила. Сака да замавне кутриот но се плаши од последиците, некоја на лик напумпана “пичка” со кристална става и навежбана октава крева, корне, вришти, пишти покажува заби криејќи ги во позадина квалитети слаби.
Негде во воведот спомнав жени со убавина која плени, немам повеќе за што и да им се чудам, колку повеќе се трудам само ќе ја заебам работава. И ќе почнуваш одново и одново пробувајќи да го пронајдеш одговорот барајќи ум во автори стари кои пишувале како дечиња мали. Венко Андоновски со “Вештица” (скриен цитат):
-”Кој не ја видел тој не се родил, кој ја видел а не ја пробал тој умрел, кој ја пробал тој не куртилил, ама ќе живее”.
Живот во слатки маки вели, да ти е страв да помислиш на твоите цели. Според мене оној што не ја видел го заборавил диоптерот, тој што не ја пробал се заебал а оној последниот со гарант “наебал”. Изгорел кутриот како што пишува Б. Бошкоски:
-“Мртов да ме искачете на највишна рида, в гроб да ме закопате гроб со девет врати со прелеста што ме уби поблиску да бидам”.
И додека пловиш наоколу како плута, нештото скриено во тебе постојано чука ли чука како скришум да ти вели длабоко во тебе вистината ја има, господово срце завиткано во рима.
Автор: Александар Ганчевски
Дипломиран економист. Прочитај ги сите статии на Александар Ганчевски