X
 22.11.2015 Колумни

Нација на кокошки, змии и мршојадци (анализа на непријателот)

Знаете, потребна е многу голема доза на лудиризам за вакви колумни во обид за компарации на луѓето кои не ви се многу по ќеиф да ги споредувате со епизоди од Анимал планет. “Не сме многу далеку од животинското царство со цел да се објаснат туѓите стратегии за сопствената пропаст…” (Kолку е јако брат). Тоа е само инстинктот кој не води сите нас за да се “требиме” едни со други кога сме под притисок или нервоза од недостаток на плата, храна, ракија и цигари.


 

Сите горенаведеи ситуации МИНУС моралните вредности се еднакви на траги-комедија во која само се чека некој да врешти некого со тава по тилот за почеток на еден убав колеж... (Колку е симпатично брат). За една основна анализа на непријателот не се потребни стратегии на Сан Тзу, генералот Патон или Шерлок Холмс, доволно е само една епизода од Анимал планет да го компарирате вашиот непријател со животното на кое најмногу ви наликува.

За почеток ги зедов мршојадците. Тие во глобала се многу интересни животинки. Едно јато од овие пилци скенираат радиус од десетина километри во саваната барајќи некое истоштено животинче за колвање. Толку добро соработуваат едни со други што се сметани за први муштерии во “фаст-фуд” Африка. Штом еден од нив ќе го забележи пленот истиот се нурнува кон земјата во вертикала деведесет степени давајќи им знак и на останатите така што за помалку од десет минути се прави екипа од триесет до четриесет клунови спремни за делкање. Сега.. Во реалниот живот треба да има посебна причина да се сврти толку голема екипа против тебе, понекогаш е потребна дури и соработка со останатите расипани животни во саваната од типот на хиени, којоти, крокодили итн. за да дојде до ситуација од некоја си смешна причина горенаведените да те срамнат до земја. Евентуално и да се случи такво сценарио се што ти треба за одбранбен механизам е диверзија или лажно сценарио, во зависност кое најмногу ви лежи од рака. Хипотетички вие сте среќно слонче спремни на ваков зафат до договор со лавот да ги сотрите горенаведените. Обележувате “икс точка” каде изгравате мртовец со лавот во близина скриен во некои грмушки со цел мршојадците да ве забележат мислеќи дека сте лесна цел... Ама се лажат. Откако ќе ја изглумете сцената како “Мерил Стрип” или “Роберт Де Ќ(Н)иро” гологлавите за миг ќе се соберат наоколу мислеќи дека сте лесен плен кога од грмушките скока лавот онака целиот напален за колеж цитирам на кавадаречки:” Уууааааааауууууу така ли мама ти даааааа!!!” Од виа момент натаму сцената е покриена со пердуви и ништо не се гледа пошто лавот е ногу зафанат со колење. Одиме понатаму..  

Сега ми е јасно зошто жените ги компарираат со змии (за поголемиот дел од нив).  Животно што не може да направи разлика од човечко битие и обичен глушец  на крај кога-тогаш може да остане без глава. Но моралите ни налагаат на толеранција затоа и некој го измислил сарказмот како единствено оружје против таквиот зол јазик. Ваквите непријатели е подобро да ги оставите на раат, но доколку некој проба да ве касне предлагам ластегарка или чекан како одбрамбен механизам. Според комичарот “Бил Бур” припадничките на понежниот пол постојано се тапкаат себеси по рамо создавајќи една лажна идила дека тие се издигнати високо над останатите во нивната замислена хиерархија. Ама се лажат.

И последно на крај се кокошките. Одбрамбен механизам... Не е потребен. Брату, нивната заблуда е тоа што користат срање како буниште за подиум со цел да се качат повисоко делејќи уште поголеми “срања” по дуњава мислејќи дека се додека има трици на земја никој не планира да ги готве. Ама се лажат....

Се надевам дека не бев премногу чуден со колумнава али мислам дека е резултат на моето збогување со цигарите, што ме тера да пишувам вакви будалетинки како Братислав Димитров, Тарик Асанов или Ванчо Полазаревски.

Автор: Александар Ганчевски
Објавувањето колумни од надворешни автори е одраз на намерата „Факултети.мк“ да биде влијателен глас на студентите и младите луѓе. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Факултети.мк“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација.
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Колумни