Денеска точно на пладне, пред Апелацискиот суд во Скопје, ќе се одржи протест против затворањето на новинарот Томислав Кежаровски, кој во петокот вечерта по итна постапка беше спроведен во затворот во Шутка, на доиздржување на затворската казна од три месеци.
Претходно, новинарските здруженија повикаа на протест за ослободување на Кежаровски. Повикот го прифатија повеќе граѓански организации и здруженија, политички партии, граѓани и новинари, како и студенти.
Апелацискиот суд преку соопштение изрази став дека повикот за протест против одлуката на судот е притисок врз судството.