Обновено во 14:45 часот
По откажувањето на протестот, Средношколски пленум со официјална изјава:
Протестот во 17 часот пред Министерството за безобразност и неправда ќе биде оддржан!
Евентот беше откажан од безбедносни причини и тоа не треба да претставува наше откажување.
Соученици ве чекаме во 17 часот СО УНИФОРМА ВО РАКА да се собереме и да им укажеме на луѓето кои сепак оставаат средношколци да спијат на улица покрај тоа што се случува низ скопските улици дека немаме намера да се откажеме. Со униформите ќе им покажеме дека одбиваме да бидеме експериментални глувци на министри НЕСПОСОБНИ да си ја вршат својата работа.
Одиме погласно од било кога!
ТЕК ДЕНЕС ЌЕ НЕ ЧУЈАТ!
#ПоздравПленумци
ОБНОВЕНО 13 часот:
Иако утринава Средношколскиот пленум најави дека протестот закажан за 17:00 пред МОН ќе се одржи, дознаваме дека истиот е одложен од безбедносни причини. Од пленумот велат дека одложувањето не значи и откажување, туку е превенција за безбедност. Средношколскиот фронт останува пред МОН и средношколците не се откажуваат од своите барања.
Вчера, средношколците најавија два протестни собири и блокади за денес. Едниот собир беше закажан за 17:00 часот, пред Министерството за образование и наука, додека вториот требаше да се одржи пред Владата на РМ. Од безбедносни причини се откажува и двата протести.
Во меѓувреме, средношколците во Куманово најавија
средношколски марш во градот во текот на утрешниот ден. Маршот е закажан за 12:00.