Околу 63 милиони адолесценти не уживаат во своето право за образование, покажува најнов извештај објавен неделава.
Извештајот испраќа итна порака до владите да ги променат своите закони и методи, како и буџетни планови за да се зголеми пристапот до образованието.
На светот, 121 милиони деца и адолесценти не започнале да одат на училиште или се откажале од него. Меѓу овие деца се наоѓаат оние кои живеат во земји соочени со конфликт, деца кои се принудени да работат и деца кои се жртви на дискриминација поради етничка и родова припадност или хендикеп. Извештајот е направен од
Обединетите нации.
Напредокот во образованието стои во место од 2007 година, а има голем ризик за намалување на пристапот до образование.
„Потребни ни се понасочени мерки за да се стигне до семејствата кои се жртви на конфликт, девојчиња кои се принудени да седат дома, деца со посебни потреби и милиони деца и адолесценти принудени да работат. Но, овие методи чинат. Извештајот служи како повик за будење“, вели Ирина Бокова, генералниот директор на УНЕСКО.
Според поранешни иницативи на ОН и УНЕСКО, од земјите биле побарано да гарантираат дека до 2015 година, децата ќе имаат можност да завршат основно образование. Податоците од ОН покажуваат дека запишувањето во основно училиште се зголемило од 88% во 1990 година на 90% во 2012 година, но милиони деца сè уште не знаат како изгледа училиште.
Ситуацијата е полоша за адолесцентите. Извештајот, финансиран од Глобалната соработка за образование, покажува дека 63 милиони адолесценти на возраст од 12 до 15 години не уживаат во правото на образование. Тоа значи дека еден во пет адолесценти не оди на училиште, во споредба со едно во единаесет деца кои не одат во основно училиште.
Доколку трендот продолжи, 25 милиони деца, 15 милиони девојчиња и 10 милиони момчиња, можеби никогаш нема да влезат во училница.
Најголемата пречка за образованието останува сиромаштијата. Во Нигерија, две третини од децата во најсиромашните семејства никогаш не оделе на училиште, додека само 5% од најбогатите деца немаат образование.
Најголем процент деца без образование има Еритреја и Либерија, каде 66% и 59% од децата, соодветно, не одат во основно училиште.