X
 23.01.2015 Образование

Направете го читањето поиновативно

Денес огромен број на студенти се повеќе се насочуваат кон електронските книги, за да го подобрат и да го направат поиновативен начинот на кој читаат. Поради оваа причина побарувачката на електронски книги од страна на студентите постојано расте. Како што сите знаеме станува збор за книги во електронска форма која може да се разгледува на најразлични преносливи уреди, лесно се симнуваат од интернет на компјутер, таблет паметен телефон и било каков друг уред.


На овој начин студентите можат да дојдат до огромен број на електронски книги на екранот на нивниот мобилен телефон. Електронските книги ги имаат речиси сите карактеристики, како и обичните книги (број на страна, табели, графикони, слики), но доколку се прашувате дали би било паметно да се префрлите од читање на хартиени книги на електронски книги, еве неколку информации кои ќе ви помогнат да се одлучите.

Простор за сочувување - Студентот кој сака да чита многу книги разбира дека му е потребен доста голем простор, на кој ќе може да ги нареди своите книги, а притоа тие да бидат лесно достапни. Со иновативноста на електронските книги повеќе нема да ви биде потребна огромна полица на која ќе стојат вашите хартиени книги. Електронските книги можат да бидат складирани на било кој пренослив уред кој има вградена меморија. На овој начин можете да заштедите огромен простор, но и пари, а вашите книги би ви биле достапни во секое време и на секое место.

Рентабилност - Докажано е дека електронските книги се споредбено поефтини од хартиените книги во секој аспект. Тоа е поради тоа што за производство за електронска книга има многу малку трошоци, и истите на студентите им се нудат по разумни цени. Всушност голем број на веб страни им овозможуваат на студентите бесплатен пристап до електронски книги, доколку се регистрираат како нивни корисници. На тој начин студентите се во можност да дојдат до пристап на електронските книги без да потрошат ниту еден долар.

Достапност - Со достапноста на електронските книги, студентите веќе нема да имаат потреба да одат до јавна библиотека за да најдат материјали за нивните групни проекти или проектни активности. Наместо тоа тие можат да добијат пакет информации седејќи на својата работна маса. Во денешно време постојат голем број на онлајн библиотеки, кои им олеснуваат на студентите што сакаат да читаат различни материјали за развој на нивните академски проекти. Всушност многу локални библиотеки имаат интегрирани електронски книги кои што студентите можат да ги позајмат на одреден период, но кои треба да ги вратат на време за да го зачуваат своето членство во библиотеката.

Екологија - Во споредба со хартиените книги, електронските книгу не бараат страници за да се произведат, односно не е потребно да се исечат дрва од кои ќе се направи хартија потребна за да се произведат обичните книги. Ова значи дека можат да се спасат големи пространства на дрва и природни живеалишта со тоа што ќе се насочиме кон електронските книги и ќе ја намалиме употребата на хартиени книги.

Освен тоа што се ,,пријателски настроени” кон животната средина, тие значително ги намалуваат транспортните трошоците - до нив можете да дојдете со едноставна конекција на интернет, во било кое време и на било кое место.

Важно за сите нас е да превземеме навики кои ќе ни помогнат да го намалиме загадувањето на животната средина. Една од тие навики е транзицијата од традиционалните обични хартиени книги на електронски книги.

Се надеваме дека овие информации ќе Ви помогнат да се одлучите и дека ќе го направите Вашиот начин на читање поинтересен и поиновативен.

Online cultus

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование