Американската влада вели дека спиењето во канцеларија е забрането. Но, експертите велат дека е време повторно да се разгледа оваа опција бидејќи дремката може да биде добра за сите.
Да, шефовите не мислат ништо добро за работниците што спијат на работа, иако никогаш не било експлицитно забрането. Но Америка одлучи да го промени сето тоа.
- На сите луѓе им е забрането да спијат во зградите на јавните служби, освен ако активноста не е одобрена од официјално лице - пишува во директната наредба на администрацијата за јавни услуги.
Не е јасно што ја поттикнало оваа официјална директива - од администрацијата одбиле да коментираат, но тоа не е првпат владата да мора да се бори со дремнувањето на работниците.
Во 2018 година кабинетот на државниот ревизор во Калифорнија објави извештај за вработена во одделот за моторни возила која спиел до три часа на ден. Во извештајот се проценува дека тие дремки ја чинеле државата 40.000 долари во изгубена продуктивност во текот на четири години.
Во извештајот се вели дека дремките на работничката ги принудиле нејзините колеги да ја покриваат на работа и да го работат нејзиниот дел од работата. Работничката не била опомената бидејќи нејзиниот претпоставен бил загрижен дека има здравствен проблем што предизвикува поспаност.
Судијката Рут Бадер Гинсберг дремнува за време на говорот на Обама/Фото: Getty Images
Идејата работниците на работа да надоместуваат за изгубениот сон сигурно кај многу работодавци ќе предизвика бурни реакции. Сепак, експертите наведуваат дека тоа ја зголемува продуктивноста на вработените.
Д-р Лоренс Епштајн, претседател на американската академија за спиење во Бригам и Женската болница во Бостон, проценува дека околу 70 милиони Американци страдаат од нарушување на сонот.
Неодамна објавено истражување од Универзитетот „Бал Стејт“ во Индијана покажало дека бројот на испитаници што спиеле седум часа или помалку се искачил на 35,6 отсто во 2018 година од 30,9 отсто во 2010 година. Околу половина од испитаниците што биле полицајци и здравствени работници изјавиле дека не спијат доволно.
- Некои компании стануваат посвесни за тоа и се обидуваат да пронајдат начин за решавање на проблемот. За жал, мислам дека нашите владини агенции се против тоа - вели Епштајн.
Тој истакнува дека недостигот на сонот може да влијае врз економијата, но и врз здравјето.
Недостигот на сон е поврзан со низа здравствени проблеми, меѓу кои се и дебелина, дијабетес, срцеви проблеми, како и ментални проблеми, на пр., анксиозност и депресија.
Епштајн и другите експерти го поддржуваат дозволувањето на работниците кратко да дремнуваат додека се на работа.
- Луѓето што се лишени од сон немаат најдобри перформанси на работа и имаат повисок ризик да предизвикаат грешки и несреќи на работа и со тоа компаниите да ги чинат повеќе - вели Епштајн.
Во некои земји на дремките гледаат како на позитивна работа. Во Јапонија компаниите поставуваат подлоги за заштита од звук за да ги охрабрат работниците што подолго време работат да се одморат.
Но, идејата почнуваат да ја прифаќаат и други компании. Така, на пример, компанијата за сладолед „Бен & Џери“ направила простории за дремнување за вработените полесно да заспијат. Собите се малечки и имаат кауч и тенко ќебе. Оние што сакаат да дремнат треба да ги соблечат чевлите и можат да дремат околу 20 минути.
Во меѓувреме, некои компании направиле бизнис од дремките. Така, Канада создала студио за дремнување наречено „Неп ит ап“. Го основала Мехзабин Раман, која вели дека идејата ја добила додека работела во банка каде што останувала прекувремено.
Станува збор за простор во центарот на Торонто каде што работниците за 10 долари може да изнајмат
кревет на 25 минути.