Уште едно научно истражување покажува нешто што веројатно сите го знаете од искуство - за менталното здравје е подобро да сте невработени отколку да работите лоша работа.
Во нашата земја соочени сме со нестабилни работи кои се нудат и оставаат долгорочни последици врз продукитвноста и здравјето на работникот. Директорот на Центарот за ефективност на работната сила кој е воедно и професор на Универзитетот Ланкастер, Стивен Беван објави интересна статија за она што го открил во неговото истражување. Беван го истражувал влијанието на професиите врз психосоцијалните квалитети на менталното здравје на работникот.
„Она што го открив ме присилува да започнам да размислувам дека можеби ни е подобро без работа“, вели тој.
Психосоцијалниот квалитет покажува колку некоја работна позиција на работникот му нуди контрола, автономија, предизвик, различност и одлучување во исполнувањето на задачите и во однос на тоа го подобрува или загрозува психолошкото здравје. Тимот на беван открил јасна врска меѓу менталното здравје и она што го нарекуваме „добра работа“.
Вработувањето не е само статистика
Резултатите кои Питер Батерворт и неговиот тим од Австралискиот народен универзитет го објавуваат секоја година внимателно ги следат експертите од целиот свет, особено во земјите во кои се обидува да се сфати што значи „добра работа“, надвор од сите економски дефиниции.
Во овие земји преовладува конвенционалното мислење дека е лошо да се биде невработен, најмногу од се` поради приходите. Невработеноста влијае врз самодовербата, социјалната вклученост, односите и здравјето. Секоја политика која промовира вработување е рационална и аргументирана, меѓутоа искуството ни покажува, особено во периодите на висока невработеност, дека не секоја работа е добра, што го доведува до прашање форсирањето на работата поради пензија или здравствено осигурување како и собирање на работно искуство на кое инсистира пазаорт на трудот.
Беван завршува: „Сега имаме малку попрецизен одговор на прашањето за влијанието на невработеноста и вработеноста на човекот. Но, подобро е да се биде вработен ако работата е соодветна, но ако не е, постои голема шанса вашето ментално здравје да се влоши. Мораме да се запрашаме дали некои политики на вработување се виновни што луѓето брзо си одат од работното место веднаш после вработувањето, бидејќи ниската продуктивност на работникот може да ја предизвика самата работа“, вели тој.