X
 27.01.2015 Технологија

Фејсбук ги крие пораките кои не сте ги прочитале

Фолдерот Other на Фејсбук би можел да содржи важни пораки кои корисниците никогаш не ги виделе.

 

фб


Овој фолдер во Inbox кој собира пораки за кои не знаете, е дел од мерките кои Фејсбук ги презема за да ве заштити од пораки и спамови, тврди Фејсбук.

Меѓутоа, не постои никаква нотификација која би им кажала на корисниците дека пораката е префрлена во овој фолдер такашто голем дел од нив остануваат таму без корисниците да ги прегледаат.

Дејвид Поуг, експерт за технологија, пишува дека открил таен фолдер во кој пронашол пораки кои никогаш не ги видел. Меѓу овие пораки се наоѓале и важни. За да ги погледнете одете во Inbox, па Other.

Овој невидлив фолдер изгледа претставува дел од проектот 1 долар на Фејсбук.

На почетокот на минатата година социјалната мрежа започна да им наплаќа на корисниците еден долар доколку тие сакаат да контактираат личност која не е им е директен пријател.

Доколку се обидете да ја контактирате оваа личност, ќе се појави опција да платите или да испратите порака во фолдерот Other.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија