Социјалните мрежи во последните неколку години го променија начинот на кој ги следиме спортовите. Милион фанови ширум светот додека го гледаат натпреварот пред малите екрани, па дури и на самите стадиони, поставуваат фотографии на Фејсбук и Инстаграм, коментираат голови и акции, тагнуваат пријатели итн.
Во текот на финалето на Лигата на шампионите оваа година, на Фејсбук 34 милиони корисници биле вклучени во 98 милиони интеракции. Ова се бројки кои не можат да се игнорираат, а првиот голем чекор кон конечното спојување на социјалните мрежи и спортови го направи Фејсбук.
Натпреварот на американската бејзбол лига и MLS и мексиканското фудбалско првенство веќе се пренесуваат во живо на Фејсбук, кој неодамна прослави две милијарди корисници. Но, од следната година, корисниците на оваа мрежа ќе можат да ја гледаат во живо и Лигата на шампионите.
Соработката ја започна американската телевизиска куќа „Fox“, која на својата Фејсбук страна „Fox Sports“ и шпанската „Fox Deportes“ на оние кои им ја лајкнале страната ќе им овозможат пренос на два натпревари од групната фаза, четири натпревари од осмина финалето и четири од четврт финалето. Некои преноси ќе бидат ексклузивно на Фејсбук, а некои ќе бидат и на телевизија.
Но, овој револуционерен сервис ќе биде достапен само за корисниците во Америка, односно оние кои сурфаат со IP адреса од таа област.
Главната цел на овој проект е младата популација која повеќе не гледа телевизија туку сервиси од типот на „Netflix“.
Голем број корисници на мобилни уреди со одлична камера го снимаат преносот на телевизија и така на милион корисници им нудат бесплатен пренос во висока резолуција. Она што треба да го направите вие е во полето за пребарување на Фејсбук да го напишете натпреварот, па ќе ви излезе преносот.
Новата услуга е достапна само за Американците, иако не е познат како
Фејсбук би можел да ги контролира корисниците кои преку разни алатки можат да ја променат IP адресата од која сурфаат. Интернетот е полн со вакви софтвери и доволно е со неколку кликови да се „заобиколат“ географските ограничувања.